Суперкупот на УЕФА може да не се игра!?

Баерн Минхен и Севилја како победници во двете најсилни натпреварувања на УЕФА, Лигата на шампиони и Лигата на Европа, си обезбедија место во мечот за трофејот во Суперкупот на Европа. Националниот стадион „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта треба да биде домаќин на двата шампионски клуба, но реномираниот англиски весник „Тајмс“ пишува дека е можно да се појават проблеми.

Иако пред само неколку дена беше најавено дека ќе биде дозволено тој дуел да се игра со присуство на гледачи, сега се доведува дури и во прашање одигурвањето на овој меч. Проблемот е во тоа што Унгарија од 1 септември најавува воведување на ограничен влез на странски државјани, а тоа ќе им создаде неочекувани проблеми на челниците на УЕФА, но и на двата клуба.

До 24 септември има уште речиси еден месец и сигурно сите засегнати страни внимателно ќе ја следат ситуацијата околу Коронавирусот, па УЕФА да најде начин како да се одигра овој меч на клубовите кои се радуваа на пехарите во ЛШ и ЛЕ.

- Оглас -

Најнови вести