Суперлигата почнува на 6 април, но без МЗТ и Блокотехна

Машките кошаркарски прволигаши од Македонија имаат уште осум дена за доведување засилувања бидејќи преодниот рок завршува следниот петок, на 5 април, еден ден пред стартот на Суперлигата.

Шест тима ќе продолжат во Суперлигата, пет во плејаут-лигата и ќе одлучуваат за патниците во плејофот (најдобрите четири), односно преселба во понизок ранг (Последнопласираниот од плејаут-лигата ќе игра бараж-натпревари дома-гости со второпласираниот од Втората лига мажи).

Датумот 6. април, кој е одреден за почеток на Суперлигата, веројатно ќе донесе одигрување само на еден, наместо три меча. Причината е што МЗТ Скопје Аеродром и Блокотехна наредниот викенд ќе имаат меѓународни обврски. МЗТ на 5 април треба да го игра евентуалниот четврти меч од финалето на втората АБА лига, а евентуалната мајсторка му е закажана за 8 април. Ова значи дека ако се играат четири или пет меча, МЗТ нема да може да игра на 6 април. Блокотехна на 6 и 7 април во Тирана ќе игра на фајнал форот во Балканската лига и ќе атакува на трофеј во БИБЛ, па нема да може да почне навреме со Суперлигата.

- Оглас -

Најнови вести