Ајде што не даде гол, туку и ќе се повредеше – Во Белгија се случи најголемата утка во историјата на фудбалот (Видео)

Астер Вранкс е вистински трагичар денеска, откако промаши нешто што не може да се утне и комотно може да конкурира за најголемо промашување во историјата на фудбалот.

Младиот играч на Мехелен, кој има само 18 години беше сам на половина метар од противничката мрежа, сам без голман пред него, но успеа да се сплетка и да ја нагази топката, која едвај се стркала до стативата и излезе во гол-аут.

Нешто што веројатно се гледа еднаш во животот му се случи на Вранкс, а за да биде уште полошо за него Остенде победи со 1:0 со гол во 95. минута.

Астер е еден од најмладите играчи на Мехелен, што играат за првиот тим, а има настапи и за белгиската репрезентација во возрасни категории до 15 и до 16 години.

- Оглас -

Најнови вести