Светот чека победа на Ливерпул, па да има реванш или реприза на 1981 година

Во декември 1981 година, Фламенго во Токио го победи Ливерпул со 3:0 и го освои Интерконтиненталниот куп, а судбината сакаше клубот од Рио повторно да игра потенцијално финале за светска титула против Црвените.

За да има дуел на Фламенго против европскиот првак, Ливерпул треба вечерва да го надигра мексикански Монтереј. Според квотите во Sport Life, Ливерпул е голем фаворит.

Во далечната 1981 година славниот Зико беше лидер на Фламенго, а сега Бразилците имаат неколку добри и докажани играчи, но прва ѕвезда е Габриел Барбоса, кој тешко дека ќе го надмине Зико. За јужноамериканските клубови и навивачи, Светското клупско е многу поважно, но европските клубови доминираат, па и Ливерпул ќе биде фаворит и во евентуалното финале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести