Светски и европски шампион со Шпанија заврши со фудбалот и се префрла на спорт за кој во Македонија речиси никој не слушнал (Видео)

Поранешниот шпански репрезентативец Фернандо Љоренте одлучи на 37 години да стави крај на фудбалската кариера.

Љоренте, кој е без клуб од август минатата година, за Мовистар плус ја потврди веста за пензионирањето и откри дека ќе се префрли на друг спорт.

На прашањето дали ќе продолжи да игра фудбал, тој одговори „Не“ и најави дека наместо со фудбал, „формата ќе ја одржува играјќи падел“.

Падел е спорт за кој малкумина во Македонија знаат и тој е комбинација помеѓу тенис и сквош. Овој спорт во минатото беше популарен во Англија, а сега станува сè попопуларен во САД.

Љоренте ја започна својата кариера во Атлетик Билбао, каде што играше девет сезони постигнувајќи 84 гола во 262 натпревари во Ла Лига. Потоа играше за Јувентус, а две години подоцна се врати во Шпанија, и тоа во тимот на Севиља.

Исто така има настапувано и за Тотенхем, Наполи и Удинезе, а последен клуб за којшто играше е Еибар.

Во текот на својата кариера освои осум трофеи, вклучувајќи три титули во Серија А, два трофеи во Купот на Италија и еден трофеј во Лигата на Европа освоен со Севиља.

Љоренте исто така беше дел од репрезентацијата на Шпанија, која триумфира на Светското првенство во 2010 година и на Европското првенство 2012 година, притоа настапувајќи на 24 натпревари за Фуријата, на кои постигна седум гола.

- Оглас -

Најнови вести