Светски рекорд за најбрза проверка на ВАР (Видео)

На некои судии им треба долго време за да измерат и проценат дали некој гол е регуларен или не, но на американскиот судија Алекс Хиловиц, му требаше само една секунда помош од ВАР технологијата за да донесе точна одлука.

Ова се случи пред две недели на мечот помеѓу Сан Хозе и Портланд. Судијата гледаше дали топката ја минала гол-линијата, сликата на мониторот покрај теренот беше замрзната во вистински момент, па судијата не чекаше да му се јават, туку експресно сам пресуди дека топката ја минала гол-линијата.

- Оглас -

Најнови вести