Светскиот првак најавува дека утре ќе биде најбрз во Саудиска Арабија

Луис Хамилтон имаше најбрзо време на двата денешни тренинзи на трката за Големата награда на Саудиска Арабија. На првиот тренинг, Британецот беше најбрз пред главниот ривал за титулата Макс Ферстапен, а потоа следуваа Валтери Ботас и Пјер Гасли.

На вечерниот тренинг, Хамилтон заврши прв, но овојпат веднаш зад него беа Ботас и Гасли, а Ферстапен заврши како четврти.

Според коефициентите во Sport Life, Хамилтон е главен фаворит за утре да биде најбрз во квалификациите и би требало да ја освои пол позицијата пред трката в недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести