Светскиот првак не е фаворит, но со победа ќе сака да ја заврши сезоната

Луис Хамилтон не е главен фаворит за триумф во последната овосезонска трка во Формула 1 за сезоната 2020. Актуелниот светски првак од третата позиција ќе стартува на патеката „Марина“, пред него ќе бидат тимскиот колега Ботас, кој заврши втор во вчерашните квалификации, додека на чело ќе биде Макс Ферстапен од Ред бул.

Хамилтон се враќа во болидот на Мерцедес откако ја пропушти претходната трка во Бахреин поради што беше заразен со корона-вирусот, но Британецот потполно закрепна и е подготвен во голем стил да ја заврши сезоната, поточно да ја оствари 12-тата победа за оваа година.

Трката во Абу Даби стартува во 14 часот, a во меѓувреме можете да ги проверите сите понуди за обложување во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести