Светскиот првак од 2006 година избегна затворска казна, но татко му ќе лежи 19 години

Винченцо Јакинта, некогашниот напаѓач на Јувентус, имаше многу среќа. Напаѓачот кој беше дел од италијанската репрезентација која во 2006 година стана светски првак денеска се спаси од затворска казна откако судот го ослободи од обвиненијата дека е член на мафијата од Калабрија.

Винченцо доби само условна казна на две години, под обвинение дека недозволено поседувал огнено оружје.

Некогашниот фудбалер се спаси од одење во затвор, но тоа не му успеа на таткото на Винченцо, Џузепе Јакинта. Постариот Јакинта беше осуден на 19 години затвор под обвинение дека бил еден од поважните членови во мафијашкиот клан.

- Оглас -

Најнови вести