Светскиот шаховски првак загуби од 16-годишно момче

Светскиот првак во шах, Магнус Карлсен неочекувано загуби во финалето на Бентер Блиц купот и тоа од 16-годишен тинејџер. Прославениот Норвежанец, во финалето на онлајн брзопотезното нокаут натпреварување загуби од Иранецот Алиреза Фироуџа со 8,5-7,5.

Талентираниот 16-годишен Фироуџа моментно е на 21-то место на светската шаховска листа, а оваа победа над светскиот првак му е најголем успех во кариерата. Со оваа победа Фироуџа покажа дека во иднина едноставно може да биде наследник на Карлсен.

- Оглас -

Најнови вести