Светскиот шампион на маки, Французите се молат вицепрвакот на светот да не загуби!

Данска и Холандија се на 45 минути од пласман на финалниот турнир во елитната Лигата А од Лигата на нациите.

За Лалињата пласманот на првото место во групата е речиси сигурен, тешко дека ќе дозволат дома да загубат од соседот Белгија со повеќе од три гола разлика, а на полувреме резултатот е 0-0.

Голема битка се води во другата елитна група, која завршува вечерва. Кандидати за фајнал-форот се Данска и Хрватска. На Хрватите им треба победа за прво место, но имаат само 1-1 по првото полувреме на гостувањето кај Австрија, додека Данска води со 2-0 против Франција.

Ако Франција загуби, а Австрија победи, тогаш актуелниот светски првак ќе испадне во Лига Б.

- Оглас -

Најнови вести