Светските прваци со олимписки маки, клубовите не ги пуштаат играчите во Токио

Светските прваци имаат неочекувани олимписки маки, откако три клуба не ги пуштаат своите играчи да настапат за Франција во Токио на Летните олимписки игри.

Монако, Рен и Ница објавија дека нема да им дозволат на Бењоа Бадијашил, Едуардо Камавинга и Амине Гуири да патуваат за Токио на олимпискиот турнир.

Најавено е дека и Маланг Сар, кој е играч на Челзи, позајмен во Порто нема да патува за Токио, а ист е случајот и со фудбалерот на Лион, Максенс Какере.

Франција е актуелен светски првак, може да биде и европски шампион, ако победи на Европското првенство што е во тек, па тоа би била и единствена можност да го заокружат циклусот со уште една вредна титула, со пехарот на Олимписките игри.

Сепак селекторот Силвајн Риполи сега има неочекувани проблеми со трите француски клубови, кои не сакаат нивните играчи да настапат на фудбалскиот турнир во Токио.

Летните олимписки игри ќе се одржат во Токио од 23. јули до 8. август.

 

- Оглас -

Најнови вести