Светските рекордери застанаа на 34 победи, загубија кога најмалку се надеваа

Светскиот рекорд на екипата на Ал-Хилал заврши вечерв,а и тоа на 34 победи по ред. Екипата од Саудиска Арабија загуби првпат по септември 2023 година, и тоа се чини во најлош можен момент за нив, во полуфиналето од азиската Лига на шампиони.

Екипата на Ал-Аин од ОАЕ, која од клупата е предводена од легендарниот Ернан Креспо, победи со 4-2 на домашен терен и со предност од два гола ќе патува на реваншот во Саудиска Арабија. Победникот се наѕираше уште по првото полувреме, кога домашните имаа убедливи 3-0.

Она што е интересно, екипата на Ал-Аин доби дури три пенали на овој натпревар и сите три успеа да ги реализира.

- Оглас -

Најнови вести