Светско чудо на „Монументал“ – Бранеше, а не е голман и го прогласија за играч на натпреварот (Видео)

Ривер плејт приреди светско чудо само со 11-мина играчи и без класичен голман успеа да го победи тимот на Санта Фе со 2:1 во Копа Либертадорес, а блескаше човекот што не е голман, па принудно ја чуваше мрежата на Аргентинците на легендарниот „Монументал“.

Енцо Перес, репрезентативецот од средниот ред на Аргентина се пријави за да брани во ситуација кога поради ковид-19, Ривер плејт едвај скрпи тим само со 11-мина фудбалери откако имаше над 20 случаи што беа позитивни на корона-вирус.

И се случи чудо во Буенос Аирес, Перес бранеше феноменално и беше прогласен за играч на натпреварот. Што е уште позначајно и во неговиот подвиг и на целиот тим е што 35-годишниот дефанзивен играч за врска бранеше повреден.

Енцо е познат лик во светот на фудбалот, играше за гигантите Естудијантес, Бенфика, Валенсија и сега за Ривер плејт, а има и 26 настапи за Аргентина.

 

- Оглас -

Најнови вести