Светско чудо во најава – Американците ќе ги тргнат Ковид бариерите, Ѓоковиќ ќе игра на САД опен?

Голем пресврт во најава има во случајот со Новак Ѓоковиќ и неговиот настап на САД опен, последниот гренслем турнир во сезоната на кој би можели да игра.

Иако тоа досега изгледаше како невозможна мисија, бидејќи Новак не е вакциниран, Американците најавуваат дека ќе се сменат Ковид правилата за влез во земјата и дека нема веќе никакви бариери за влез и за невакцинирани луѓе.

Досега без вакцина не беше дозволен влез во САД за странци, освен во специјални случаи, а сега се најавува тргање на Ковид бариерите што би значело дека и вакцинираните и тие што не се ќе имаат ист статус.

Ѓоковиќ веќе откажа настап на два турнири до Мастерс серијата во Монтреал и Синсинати, кои се дел од таканаречената американска турнеа пред САД опен, но како што изгледа сепак ќе ја оствари главната цел и ќе игра во Њујорк на Флешинг Медоуз.

Сега според информациите се чека само ажурирање на одлуката на комисијата за здравствени мерки во услови на Ковид-19 и таа да биде и официјална, со што потоа само од организаторите на САД опен, односно од тениската федерација на САД, УСТА, би зависел настапот на Ѓоковиќ на последниот гренслем турнир во сезоната.

- Оглас -

Најнови вести