Ако ПСЖ испаднеше во четвртфиналето од Аталанта, еден од најтажните ќе беше Анхел ди Марија, кој поради суспензија го пропушти тој меч, но сега Аргентинецот е најсреќен што доби шанса да игра полуфинале и најверојатно ќе биде стартер и опасност плус за Лајпциг.
Парижаните сонуваат за прва европска титула, на два чекори се од тоа, а искуството на Ди Марија, кој веќе освојувал ЛШ, ќе биде од огромно значење за нив. Освен присуството на Ди Марија во почетниот тим на ПСЖ, новина ќе бидат и голманот Серхио Рико, кој ќе брани на местото на недоволно закрепнатиот Кејлор Навас, и Килијан Мбапе, за кого се очекува овојпат да почне од прва минута.