Sвездата на Сити паузата во Премиер лигата ја искористи за посета на џамија и тоа во традиционална облека

Периодов во Англија се играат натпреварите од куповите, па Манчестер сити 13 дена остана без натпревар и своевидно на мини-пауза. Sвездата на „граѓаните“ паузата ја искористи за посета на Абу-Даби, каде заедно со најголемиот навивач на Манчестер сити, Фаз Хусаин, беше во посета на џамија. Кевин де Брујне се потруди целосно да го испочитува својот пријател, но и верскиот објект кој го посетува, па се облече во традиционална облека за оваа прилика.

Следниот натпревар за Манчестер сити е оној против Тотенхем во рамки на 16-финалето од ФА купот.

- Оглас -

Најнови вести