Свјерчок треба уште да тренира за „Паненка“ (Видео)

Лудогорец може да жали за пропуштената шанса од пенал да израмни на 2:2 против Ференцварош во реваншот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, а трагичар е полскиот интернационалец Јакуб Свјерчок.

При негатива од 1:2, Свјерчок се обиде со популарната „Паненка“ да го совлада голманот на гостите од Будимпешта, но Денес Дибуш реагираше одлично и спречи израмнување.

За Ференцварош не игра нашиот репрезентативец Стефан Спировски, но унгарскиот првак е многу блиску до пласман во следната фаза бидејќи постигна уште еден гол на стартот од второто полувреме и води со 3:1 во Разград, а предноста во вкупен резултат е 4:1 за Фради.

- Оглас -

Најнови вести