Тадиќ не очекуваше дека вака може да биде посрамотен и тоа поради една негова претходна постапка (Видео)

Ајакс не само што го загуби големото дерби од Феенорд со 2:3 на „Амстердам арената“, туку нивниот капитен Душан Тадиќ доживеа една лекција. Моментот за којшто се зборува од ова дерби не е поврзан со ниту еден од петте гола, туку нешто што беше пред да започне дербито.

Капитенот на Феенорд, Оркун Кокчу, реши целосно да го игнорира Тадиќ, а за тоа имаше посебна причина. По катастрофалниот земјотрес, кој на почетокот на февруари разурна голем дел од неколку градови во Турција и Сирија, во Холандија започна акција на иницијатива на Весли Снајдер.

Снајдер побара од Федерацијата капитените на сите екипи да играат со специјално дизајнирани ленти во чест на загинатите во Турција и Сирија.

Од капитените на сите екипи во холандското првенство, Тадиќ беше единствениот кој одби да носи таква лента.

Токму затоа Турчинот Кокчу, кој е капитен на Феенорд, реши целосно да го игнорира Тадиќ и да се однесува како капитенот на Ајакс воопшто да не постои.

- Оглас -

Најнови вести