Тадиќ ѝ посака брзо закрепнување на стативата во Дортмунд и порача: Многу сум јак таму долу (Фото)

Фудбалерот на Ајакс, Душан Тадиќ, синоќа при постигнувањето на својот гол на средбата со Борусија Дортмунд, се удри со меѓуножјето во стативата, па додека го прославуваше подогокот, се држеше за половиот орган, бидејќи уште чувствуваше болка.

Во едно интервју кога го прашаа како се чувствува, изјави: „Многу сум јак таму долу“.

Тадиќ покажа дека има смисол за хумор, а објави и фотографија од стативата во која се удри со интересна порака.

„Ти посакувам брзо закрепнување мој пријателе“.

Еве како Тадиќ се жртвуваше за да постигне гол:

https://twitter.com/i/status/1456012658415648774

- Оглас -

Најнови вести