Борусија Дортмунд иако поведе со играч помалку по исклучувањето на Хумелс, не успеа да остане непоразена против Ајакс. Холандскиот тим славеше со 3-1, со три гола во второто полувреме. Пресвртот го најави Србинот Тадиќ, кој при постигнувањето на голот, со препоните се удри во стативата, па додека славеше израмнување на 1-1, од болка се држеше за половиот орган, а некои помислија дека упатува непримерен гест кон публиката.
Видете што беше причина за спорната прослава на Тадиќ: