Тага за сите вардарци – Почина легендата Мирко Илиевски

Голема тага на вардаровата армија навивачи им донесе веста за смртта на Мирко Илиевски, една од големите легенди на нашиот најтрофеен клуб. Почина денеска во Скопје на 83-годишна возраст.

Еден од вистинските фудбалски вирутози од 50-те и 60-те години на минатиот век и човекот што вечно ќе биде запаметен, како клуч на големиот успех на Вардар во 1961. година.

Тогаш, на 26. мај, во финалето на националниот Куп на Југославија, Илиевски го постигна победничкиот гол за Вардар против Вартекс, во победата од 2:1, откако претходно беше асистент за првиот погодок за „црвено-црните“.

За Вардар одигра 325 натпревари и постигна 89 гола, најзначајниот во Белград пред точно 60 години, кога Вардар со неговиот погодок го освои единствениот пехар во југословенскиот куп.

 

- Оглас -

Најнови вести