Тајното оружје на Шпанците дојде од Хрватска (Видео)

Шпанија има голем адут од клупата вечерва против Хрватска, а Дани Олмо со две асистенции во првото продолжение ги разоружа Коцкестите и неговата репрезентација води со 5:3.

Поранешниот играч на Динамо Загреб, сега член на Лајпциг влезе во игра во 71-вата минута, а во дополнителните први 15 минути на двапати блескаво им асистираше на Алваро Мората и на Микел Ојарзабал.

Во 100-та минута Олмо го пронајде Мората, а шпицот на Шпанците погоди за 4:3, за потоа на сличен начин да падне и петтиот гол за Црвената фурија, повторно со асистенција на Олмо, овојпат до Ојарзабал во 103-тата минута.

Шпанија прокоцка предност од 3:1 во регурларниот дел, а со голови на Оршиќ во 85-тата минута и на Пашалиќ во 93-тата минута Хрватите се изборија за 3:3 и за продолженија.

- Оглас -

Најнови вести