Тајсон Фјури може да добие осумгодишна суспензија!

Тајсон Фјури е човекот кој успеа ја прекине непобедливоста на Деонте Вајлдер, откако во борба во тешка категорија во ВБЦ верзијата, стигна до шампионскиот појас. Фјури стана светски првак, откако во седмата рунда тренерот на Вајлдер го фрли пешкирот и побара прекин, што автоматски значеше дека Британецот е новиот првак. 

По тие блескави моменти на Фјури, сега доаѓаат  неочекувани проблеми. Антидопинг агенцијата на Велика Британија отвори истрага против Фјури, откако извесен Мартин Керфут јавно објави дека во 2015 година му било понудено 25.000 фунти за на Суд да сведочи во корист на Тајсон, во случајот за допинг тестот.

Во таа 2015 година, Фјури падна на допинг тест, а потоа во своја одбрана тврдеше дека јадел контаминирано месо од две диви свињи и за тоа можеле да потврдат двајца луѓе кои биле со него. Поради тоа, суспензијата на Фјури беше укината.

Керфут, кој бил еден од двајцата луѓе кои сведочеле во корист на Фјури, сега вели дека тогаш добил пари за да сведочи во корист на боксерот. Доколку се докаже дека Фјури мамел, му се заканува суспензија од дури осум години. Сепак, промотерот Франк Варен вели дека не е загрижен поради обвиненијата.

„Овој човек ми се јави во октомври и ми бараше пари, а јас му реков веднаш да се јави во Антидопинг агенцијата. Сепак, тој реши да им се јави на новинарите. Тоа е човек кој никој не може да го сфати сериозно, но ќе оставиме ангидопинг агенцијата да донесе одлука. Најверојатно на новинарите им е досадно сега кога нема фудбал и нема што да пишуваат“, вели промотерот Варен.

- Оглас -

Најнови вести