Тајсон ги нокаутира расистите со наградата во Украина

Тајсон Барселос Фреда го доби признанието за најдобар фудбалер во Украина за 2019 година, а капитенот на Шахтар повторно пушти по некоја солза, овојпат радосница.

Тој беше играчот што беше навредуван неодамна од навивачите на Динамо Киев во големото украинско дерби, па не издржа и се расплака, а потоа ја шутна топката кон трибината.

Навредите беа на расна основа, но и покрај тоа што не беше виновен, Тајсон доби црвен картон и беше казнет со еден меч неиграње.

Вчера капитенот на Шахтар беше сосема поинаку расположен и сосема заслужено ја доби наградата за најдобар играч во Украина.

За Тајсон ова е прво вакво признание во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести