Тајсон: Ѓоковиќ е мојот омилен тенисер и обожавам да го гледам

Новак Ѓоковиќ со своите неверојатни настапи изминативе години доби голем број светски познати навивачи.

Еден од нив е легендарниот боксер Мајк Тајсон, кој не штедеше зборови за најдобриот светски рекет.

„Новак Ѓоковиќ е мојот омилен тенисер и обожавам да го гледам. Едноставно, лесно ги надминува сите препреки и повреди и гледајте како ги победува Надал и Федерер“, изјави легендата на боксот и продолжи:

„Тенисот ми го промени животот бидејќи мојата ќерка тренира веќе неколку години.

Се надевам дека и таа еден ден ќе има големи резултати, но најважно е да го сака овој спорт“.

Неговата ќерка Милан е родена во 2008 година и според информациите од САД, е една од најталентираните тенисери коишто треба да доминираат во белиот спорт во наредните години.

- Оглас -

Најнови вести