Тајсон му влегол на Трамп во клинч

Мајк Тајсон во излив на бес и љубомора му влегол на Доналд Трамп во клинч уште во времето кога актуелниот претседател му беше промотор и му ја финансираше борбата против Мајкл Спинкс.

Тоа се случило пред 20-тина години, а Железниот Мајк се сомневал дека сегашниот претседател на САД има љубовна афера со тогашната негова сопруга Робин Гивенс.

Приказната ја раскажа Тим О`Брајан во книгата „Trump Nation“, откривајќи дека Тајсон влетал во канцеларијата на Трамп.

„Имаш ли афера со жена ми“, прашал Тајсон, а од бесниот боксер се исплашил и неговиот тогашен советник и голем пријател Трамп.

„Мислев дека ќе ме убие. Немав шанси против него, па тој е светски првак во бокс“, била мислата на сегашниот прв човек на најмоќната земја на светот.

Тајсон честопати имал слични изливи на бес и на љубомора во ерата кога беше во брак со Гивенс, а познати се и неговите испади кон Мајкл Џордан и Бред Пит.

Железниот Мајк се подготвува за камбек во рингот на 53-годишна возраст, но засега само за еден меч, и тоа од хуманитарен карактер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести