Тајсон не ги издржа навредите на расна основа – Им покажа среден прст на навивачите на Динамо Киев (Видео)

Шахтар го доби големото украинско дерби против Динамо Киев во меч што мина во континуирани навреди од трибините за црномурните играчи на шампионот, а не издржа Тајсон, па беше исклучен.

Бразилецот им покажа среден прст на хулиганите кои беа на дел од трибината со навивачи на Динамо Киев, а потоа ја шутна топката кон нив.

Taison from Shakhtar Donetsk sent off in match against Dynamo Kiyv for reacting to racist insults from soccer

Судијата Балакин немаше разбирање за 31-годишниот играч и веднаш го исклучи од игра.

Шахтар победи во Харков со 1:0 и сега има 40 бодови, дури 13 повеќе од големиот ривал од Киев само по 14 кола во новата фудбалска сезона во Украина.

- Оглас -

Најнови вести