Тактиката на Јужна Кореја да стигне до СП: На голот е Ким, а во одбранатa четворицата се Ким

Јужна Кореја вчера стана 15-та земја која обезбеди место на завршницата на Светското фудбалско првенство во Катар. Во меч од азиските квалификации, Јужна Кореја со 2:0 победи на гости кај Сирија и веќе е сигурно дека ќе биде на една од првите две позиции на табелата.

Фаворитот двата гола ги постигна во второто полувреме, а мечот го одбележа доминацијата на фудбалерите што се викаат Ким кај гостите. Во стартниот тим на Јужна Кореја на голот беше Ким Сеунг-Гуа, а и сите четворица во одбраната беа Ким.

Освен овие петмина кои беа во почетниот тим, во второто полувреме за Јужна Кореја заиграа и Ким Гун-Хе и Ким Џин-Кја, што значи дека вкупно седуммина во составот на гостите беа на теренот со името Ким, што е вистински раритет во светскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести