Талентот на Реал Мадрид нема да игра за Шпанија

Алваро Родригес, младиот фудбалер на Реал Мадрид, одлучи во иднина да настапува за Уругвај. Тој досега настапуваше за младите репрезентации на Шпанија, но одлучи да направи промена и да настапува за државата на неговиот татко. Родригес е роден во Шпанија, во каталонскиот град Паламос. Неговиот татко во минатото бил професионален фудбалер, а има настапи за репрезентацијата на Уругвај.

Младиот Родригес се одлучи да тргне по стапките на својот татко иако неговата мајка е од Шпанија. Тој запиша четири настапи за репрезентацијата на Шпанија до 18 години и уште осум за селекцијата до 20 години.

За Реал Мадрид оваа сезона настапи на шест натпревари, од кои четири во првенството и два во Купот на Шпанија. Единствениот погодок го постигна против Атлетико Мадрид во 85-тата минута, кога го спаси Реал од пораз против градскиот ривал и донесе бод за Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести