Талески го напушти Рајна-Некар Левен, но остана во Бундеслигата

Филип Талески повеќе не е играч на Рајна-Некар Левен, објави денеска бундеслигашот на својата официјална веб-страница. Македонскиот репрезентативец ќе ја продолжи кариерата во германскиот тим на Балинген, кој од оваа сезона ќе се натпреварува во Бундеслигата.

Талески во новата сезона ќе ги брани боите на новиот бундеслигаш во потрага по поголема минутажа, нешто што не можеше да го добие во редовите на Лавовите. Maкедонскиот ракометар на стартот од новата сезона ќе се соочи со репрезентативниот колега Филип Кузмановски, кој е нов член на Магдебург.

- Оглас -

Најнови вести