Талески откри зошто Вардар го освои трофејот: Името Вардар е многу големи и многу тешко

Филип Талески е херојот на Вардар во финалето на Купот, откако успеа да го даде победничкиот гол за титула во Купот на Црвено-црните. Бекот на Вардар и на македонската репрезентација вели дека Вардар едноставно има победнички менталитет и тоа е клучно за победата.

„Карактерот, Вардар. Името Вардар е многу големо и многу тешко. во изминативе 5-6 години покажува голем карактер и кога губи знае да победува, не се откажува до последната секунда. Водевме четири разлика, а потоа ни направија серија од 8:0, што е недозволиво. Губевме и со пет разлика, но верувавме до крајот. На крајот пресуди карактерот, во клучните моменти покажавме победнички менталитет. “, рече Талески веднаш по мечот.

стрелецот на шест гола за Вардар вели дека знаел оти тој ќе го реши финалето. „Во првите 10 минути добро почнав, но потоа ме немаше речиси 50 минути. Правев многу грешки во нападот и одбраната, но откако во последните 10 минути стигнавме, му реков на Мишевски дека јас ќе го решам финалето“, открива Талески.

- Оглас -

Најнови вести