Талески прв даде гол на ЕП 2022, Томовски ја одржува Македонија во живот против Словенија

Македонската ракометна репрезентација закрепна од шокот со веста дека Кирил Лазаров нема да може да игра и иако губи со 10-13 по првото полувреме од Словенија, има шанса за поволен резултат во првото коло на Европското првенство.

Македонија подобро отвори, Мартин Томовски ја чуваше својата мрежа незатресена во првите 6,23 минути, па тимот на селекторот Кирил Лазаров на почетокот на осмата минута имаше позитива од 3-0 и 4-1, а веќе во десетта минута Словенците дојдоа до прво водство од 5-4. Кога Благотиншек погоди мајсторски за 7-4 и серија на Словенија од 6-0, Лазаров побара тајмаут.

Кога се чинеше дека противникот ја има контролата и ги држи конците во свои раце, Филип Кузмановски изедначи на 8-8 во 19-тата минута и беше јасно дека ниту една селекција нема да има голема предност по првото полувреме, иако овие плус три за Словенците не се за потценување.

- Оглас -

Најнови вести