Талески: Револтиран сум од дел од македонската јавност која доста плукаше

Филип Талески беше еден од најдобрите во македонската репрезентација во првата победа на гости кај Исланд.Тој даде четири гола во последните 10 минути. По завршување на мечот, Талески беше револтиран од македонската јавност која не даде доволно поддршка пред мечот.

„Мора да бидеме задоволни. Првите 10-15 минути одбраната беше малку послаба. Потоа сменивме формација од 5-1, на 6-0. Имавме голем мотив да победиме тука. За пласман на ЕП останува мечот со Исланд на наш терен и двата меча во јуни. Јас секогаш сакам да бидам еден од носителите на репрезентацијата со помош на нашиот капитен Кирил Лазаров. Револтиран сум од дел од македонската јавност која доста плука по нас. Тоа ми е мотив повеќе. Знам дека можам и дека умеам да играм ракомет. Ќе продолжам да го давам најдоброто и на следните мечеви“, рече Талески веднаш по мечот.

- Оглас -

Најнови вести