Тамара Тодевска е фаворит за влез во финалето на Евросонг

Македонските претставници на Евросонг во последните години немаат многу среќа во полуфиналињата и ретко кој влегува во финалето, но годинава Тамара Тодевска, според квотите на обложувалниците Sport Life, има добра шанса да се најде во финалето. Обложувалниците Sport Life ви нудат можност да се обложите на повеќе игри поврзани со музичкиот спектал во Тел Авив.

Тамара со песната Proud ќе настапи на второто полуфинале во четврток. Коефициентот дека Тамара ќе победи на Евросонг е 100, но дека ќе се најде во финале е само 1.33.

Вечерва од 21 часот е првото полуфинале, а финалето е во сабота.

Главен фаворит за победа е Холандија, со квота 3.35, пред Шведска со 4.75 и Франција со 7. Можете да се обложите и на тоа која од нордиските земји ќе биде најдобропласирана, како и да погодите која од балканските ќе биде најдобра. Грција е фаворит да биде прва од балканските, пред Тамара и Невена Божовиќ, која е претставничка на Србија.

- Оглас -

Најнови вести