Ѓаволски ефикасни мечеви на Њу Џерси и Отава ветуваат ново гол-шоу во НХЛ

Кливленд кавалирс – Феникс санс (НБА, 01 часот)

Двете екипи одамна ги загубија шансите за настап во доигрувањето и битка за титулата, а патем се и меѓу најслабите во НБА-лигата сезонава.

Кливленд имаше многулоша среќа откако си замина Леброн Џејмс да се повреди и Кевин Лав, па тимот бележи порази и ги има дури 46, само со 12 победи.

Лав се врати на паркетот, но со ограничена минутажа и со паузи на одредени мечеви. Повреден е и стартниот центар Тристан Томпсон, што доволно говори за пеховите на Кавалирс сезонава. Охриѓанецот Џеди Осман е адутот на Кливленд за посветла иднина, но сезонава таворат на дното во Источната конференција.

И Феникс е во иста ситуација, има 11 победи и 48 порази на последната позиција на табелата во Западната конференција.

Санс имаат релативно млад тим предводен од Букер и Ајтон и очекуваат подобри резултати во следните сезони. Мечот е без резултатско значење, двете екипи се ефикасни и лесно можат заедно да ја надминат понудената граница од поени.

Предлог тип: > 220.5 поени (1.90)

 

Хасан Вајтсајд (Филаделфија – Мајами, НБА 01 часот)

Центарот на Мајами хит вообичаено е некаде над 10 поени во просек сезонава, но ноќеска има добра можност да си го поправи просекот од 12,8 поени по меч бидејќи на спротивната страна под кошевите ќе го нема Џоел Ембид.

Олстар-кошаркарот на 76-те е повреден, има проблеми со коленото и нема да игра против Мајами. На негово место стартен центар би требало да биде Бобан Марјановиќ, што и не е лоша варијанта за Фили, но Вајтсајд може да ја искористи предноста бидејќи е поскоклив и побрз од Србинот.

Предлог тип: Вајтсајд > 12.5 поени (1.87)

 

Голден стејт вориорс – Сакраменто кингс (НБА, 04.30 часот)

Ова е дуел на две исклучително офанзивни екипи кои даваат, но и примаат многу кошеви. Само Њу Орлеанс пеликанс моментно се поефикасни од шампионите од таборот на Голден стејт во целата лига.

Кевин Дурант, Стеф Кари и Клеј Томпсон се расни стрелци и секогаш и против секого лесно можат да приредат кош-шоу. Голден стејт бие битка за првата позиција на Западот, а Сакраменто има шанси да се избори за плејоф, па мечот има значење.

И Сакраменто има профил на кошаркари кои сакаат да играат ран-ен-ган кошарка предводени од Де Арон Фокс, Бади Хилд и Богдан Богдановиќ. Имаат добри шутери и млад тим што не мисли многу на одбрана, нешто што стана тренд сезонава во целата лига.

Иако границата на поени е исклучително висока, типуваме дека во „Оракл арената“ ноќеска ќе има кошаркарско шоу и ефикасен меч меѓу Голден стејт и Сакраменто.

Предлог тип: > 238.5 поени (1.87)

 

Њу Џерси девилс – Отава сенаторс (НХЛ, 01 часот)

Доволно е да се погледне статистиката на меѓусебните дуели и лесно да се однесе одлука за типување на новиот дуел меѓу Девилс и Сенаторс.

Последните шест натпревари им завршија со над 7 голови, а и сезонава и Њу Џерси и Отава играат ефикасно. Сенаторс пред три дена одиграа екстра ефикасен меч со Чикаго и загубија со 7-8, а ден потоа и Њу Џерси ја исполни квотата со пораз од 3-4 против Питсбург.

Двете екипи се далеку од плејофот, се наоѓаат на последните две позиции во Источната конференција и ова ќе биде битка за избегнување на фенерот.

Предлог тип: > 6.5 голови (1.95)

 

Тампа беј лајтнинг – Бафало сејбрс (НХЛ, 01.30 часот)

Молњите од Флорида играат прекрасно сезонава и се убедливо најдобрата и најефикасна екипа во НХЛ. Имаат тројца хокеари во топ10 според бројот на поени (голови плус асистенции) предводени од најдобриот во Лигата, Никита Кучеров со 99 поени. Нема да биде чудно ноќеска да ја мине магичната граница од 100 поени, а до крајот на сезоната тој праг ќе го бркаат и Брејден Поинт со 78 поени и Стивен Стамкос со 73.

Клучот на успехот на Тампа е токму камбекот на Стамкос, кој не играше на почетокот на сезоната. Хокеарот со македонски корени игра одлично, а Тампа гази сè пред себе. Имаат пет победи по ред, а Бафало нема сила да им се спротивстави, па типуваме нов триумф на водечката екипа во НХЛ.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести