Тандемот кој ги поместува границите во македонската атлетика најавува олимписка норма

Дарио Ивановски е најдобриот македонски атлетичар на средни и долги патеки, тој има феноменална година со многу рекорди и први места, и заедно со неговиот тренер Игор Јакимовски најавуваат дека следна цел им е остварување на олимписка норма за ЛОИ во Париз 2024 година.

Дарио требаше да учествува и годинава во Токио, но извиси во последен момент и не ја доби вајлд-картата. За да не му се повтори тоа, посакува да оствари норма. Голема заслуга за резултатите на Ивановски има и Игор МС Јакимовски, кој му е тренер и менаџер и човек што го препозна талентот на Дарио за атлетика.

ДЕСЕТГОДИШНА УСПЕШНА СОРАБОТКА СО SPORT LIFE

Компанијата Sport Life веќе една деценија е лојален поддржувач на Игор, последниве години, се разбира, и на Дарио, а најдобрата обложувалница во Македонија на 24 ноември во спортскиот центар Хиподром ќе го поддржи Игор МС како организатор на 13-тото Армиско првенство во крос-кантри трчање.

„Случајно трчав во моето родно Марино со легендата на македонската атлетика Игор Јакимовски и по неколку дена, тој ми рече дека трчам многу лесно, по што ми предложи да направам со него поспецифични атлетски тренинзи за да ми ја провери подготвеноста. Ме пријави за државен натпревар и оттогаш започна мојата најуспешна животна приказна која трае до ден денес, а мојот човек, тренер и менаџер Игор Јакимовски е најголем виновник за сето ова“, вели Дарио, кому денот му почнува и му завршува со атлетика, спортот кој е негов живот.

НАЈГОЛЕМИТЕ МЕЃУНАРОДНИ УСПЕСИ НА ДАРИО ИВАНОВСКИ

Дарио годинава стана балкански првак на 3.000 метри во сала. Има шест медали од балканијадите (едно злато, две сребра и три бронзи). Годинава стана и шампион на 3.000 метри на Европското првенство за мали земји. Во 2018 година беше финалист на Медитеранските игри во Тарагона, каде што го постигна својот најдобар резултат на 1.500 метри.

ИВАНОВСКИ ДРЖИ ЕДЕН КУП МАКЕДОНСКИ РЕКОРДИ, ФОКУСОТ МУ Е ЛОИ 2024

Ивановски веќе неколку години е државен шампион во сите дисциплини на средни и долги патеки. Сопственик е на државни рекорди во девет дисциплини: 1.000 м. на отворено, 1.500 м. во сала, 3.000 м. во сала и на отворено, 5.000 м. на отворено, 10.000 м. и 10 км. на пат, полумаратон и маратон. Сезонава му беше најуспешна во кариерата бидејќи во 7 дисциплини го подобри националниот рекорд, урна два национални рекорди кои беа стари по 40-тина години.

Подвизите на Дарио дополнително добиваат на тежина ако се знае дека во Македонија нема атлетска сала и стадион, па принуден е неколку пати во годината да се подготвува во странство за големите натпревари на балканско и европско ниво.

Дарио во просек неделно трча по 150 километри, а освен тоа, посетува и сала за вежбање. Тоа му помага да ја одржува формата, а засега е и единствениот Македонец кој победил на Скопскиот маратон во најтешката дисциплина, маратонот. Во полумаратон имам многу победи, од кои најдраги му се оние на белградскиот (двапати) и на скопскиот полумаратон (трипати).

Трипати бил најдобар атлетичар во Македонија, државен првак е со остварени најдобри времиња во сите дисциплини од 800 метри до маратон, и тоа во последните шест сезони.

За човек кој е балкански шампион, кој има остварена норма за Европско првенство во сала и држи многу македонски рекорди, логично, следна цел му е настап на Летните олимписки игри кои во 2024 година ќе се одржат во Париз, со олимписка норма, како круна на кариерата.

- Оглас -

Најнови вести