Хокеари на Бостон во чудна мисија, се бараше заб на мразот во Торонто (Видео)

Интересна потрага што заврши успешно организираа напаѓачот на Бостон бруинс, Ник Ричи и голманот на екипата Јарослав Халак во паузата меѓу вториот и третиот период на дуелот со Тампа беј во НХЛ лигата.

Ричи го загуби забот во финишот на втората третина и не му беше дозволено веднаш да се обиде да го најде на мразот во „Скоцијабенк“ арена, туку мораше да ја почека паузата.

Во потрагата што беше успешна му помогна Халак. Ричи прими ненамерен удар од Рајан Мекдонах, по што се пожали дека остана без еден заб.

Потоа набрзина влета на мразот за да си го најде загубеното, пред да почне стандардното освежување на мразот со помош на машините за корекција на теренот пред стартот на последниот период.

Тампа беј го порази Бостон со 3:2 во меч за подобра позиција пред стартот на плејофот во НХЛ лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести