Тарковски почна да снима победнички филм, Иган му ја расипа забавата (Видео)

Капитенот на Барнли, Џејмс Тарковски најави победа на својот тим против Шефилд јунајтед со погодок во финишот на првото полувреме, но гостите со голот на Џон Иган во последните минути од мечот израмнија и освоија бод.

Интересно е што стрелците играат на стоперските позиции, а денеска беа во главните улоги и во нападот.

Тарковски успеа да се снајде одлично во 43. минута и ударот со глава на Џеј Родригес да го искористи како асистенција за вториот негов гол сезонава.

https://www.youtube.com/watch?v=SW26BiHAoWw

Слична беше и акцијата за израмнувачкиот гол на мечот, а главните улоги ги имаа Шарп како асистент и Иган како стрелец во 80. минута од мечот.

https://www.youtube.com/watch?v=fuT-Un7vn40

Шефилд јунајтед остана на осмото место со 48 бода, а Барнли е веднаш зад нив со два бода помалку на пет кола до крајот на Премиерлигата.

 

- Оглас -

Најнови вести