Таткото на Фати: Сакав син ми да игра за Португалија

Ансумане Фати иако по потекло е од Гвинеја Бисау, тој веќе неколку години живее во Шпанија каде што се развива во идна ѕвезда на Барселона. Токму неговите добри партии на стартот од оваа сезона го свртеа вниманието на неколку федерации кои се обидуваа да го присвојат, а Фати се одлучи да ги брани боите на Црвента фурија.

Втората опција беше да игра за Португалија, а неговиот татко Бори истакна дека се надевал дека Ансумане ќе ја прифати понудата од федерацијата на актуелниот европски шампион.

„Се чувствуваме како Португалци, затоа сонував дека син ми еден ден ќе игра за Португалија, но сега тој сон не може да се оствари. Имав контакт и со директорот на португалската фудбалска федерација, но во меѓувреме Фати прикажа одлични партии за Барса, па луѓето од шпанската федерација беа упорни да ги добијат неговите услуги“, истакна Бори за португалските медиуми.

Се очекува Фати да се приклучи на младата репрезентацијата на Шпанија за претстојното Светско првенство за играчи до 17 години, кое ќе се одржи од 26 октомври до 17 ноември.

- Оглас -

Најнови вести