Таткото на Ферстапен: Нека им дадат ист болид на Хамилтон и на син ми, па ќе видиме кој е подобар

Јос Ферстапен, легендата на Формула 1, нема ништо против син му Макс да биде клупски колега со шампионот Луис Хамилтон. Ферстапен постариот смета дека ако Макс и Луис бидат во ист тим, тогаш ќе може да се каже кој е подобар пилот од нив двајца.

„На писта, Макс секогаш дава 110 проценти од себеси. Затоа не знаеме колку е добар или лош болидот на Ред Бул. Можеби е полош и од тој на Ферари. Единствено можеме да го споредуваме Макс со неговиот тимски колега Албон. Албон беше добар во картинг и во младите категории, лани имаше сериозни проблеми и заостануваше зад Макс. Хамилтон е неверојатно брз, тоа е очигледно ако го споредиме со тимскиот колега Ботас. Не може да се стане првак ако не си во шампионски тим со шампионски болид. Затоа немам ништо против Макс да биде во ист тим со Хамилтон, така би се видело кој е подобар од нив двајца“, вели Јос Ферстапен.

- Оглас -

Најнови вести