Таткото на Јамал е седум години помлад од Кристијано Роналдо!

Најмладиот фудбалер на ЕВРО 2024 и најмлад што настапил во историјата на европските првенства, Шпанецот Ламин Јамал, се фотографираше со својот татко и некои новинари почнаа да истражуваат колку години има родителот на младата ѕвезда на Барселона.

Верувале или не, таткото на Јамал, кој се вика Мунир Насрауи, има само 32 години. Таткото на Јамал е помлад од многу фудбалери кои насталуваат на ЕВРО 2024, на пример од Португалецот Пепе е помлад цели девет години.

Таткото Мунир е роден во Мароко, а како дете заминал во Шпанија. Работел во градежништво, додека мајката Шејла Ебан, која е од Екваторијална Гвинеја, работела како келнерка.

- Оглас -

Најнови вести