Тато, се плашам, авионот ќе се распадне… Поминаа две години од големата фудбалска трагедија

Емилијано Сала е Аргентинецот кој пред две години замина во Нант за да се поздрави со своите дотогашни соиграчи и беше подготвен да започне нов предизвик во кариерата. Потпиша за Кардиф и требаше да заигра во Премиер лигата. Сепак, Сала никогаш не стигна да го облече дресот на Кардиф бидејќи на пат од Франција кон Велс, авионот со кој патуваше падна во водите на каналот Ламанш.

Аргентинецот последните четири сезони ги помина во Нант и беше нивен најдобар стрелец. Требаше да биде големо засилување за Кардиф, но… Авионот во кој Сала требаше да стигне во Премиер лигата, никогаш не стигна на посакуваното место. По исчезнувањето од радарот, неколку дена беа потребни да се најдат делови од авионот, а дури по повеќе од 10 дена беше пронајдено и безживотното тело на фудбалерот.

Непосредно пред кобното патување, Сала упатил порака до својот татко во која вели дека се плаши и дека авионот може и да се распадне.

„Како сте мои мили и луди браќа? Брате, јас сум мртов уморен. Во Нант имав многу работи да завршам, сега сум во авион и патувам за Кардиф, мислам дека во секој момент може да се распадне“, започнува пораката на Сала, а потоа надополни: „Утре започнувам со тренинзи со мојот нов тим, ќе видиме што ќе се случи. Ако за час и половина не се јавам, не знам дали ќе испратат луѓе по мене да ме бараат бидејќи нема да ме најдат… Но, тато, се плашам…“, беа последните зборови на Аргентинецот, кој да беше жив, сега ќе имаше 30 години.

 

- Оглас -

Најнови вести