Тажна сцена – даде гол, и заплака од тага за ненадејната смрт на мајка му (Видео)

Спартак Москва со нерешени 2-2 против Сочи ја почна новата сезона во рускиот фудбалски шампионат, а при постигнувањето на првиот гол во осмата минута за 1-0, публиката присуствуваше на тажна сцена. Стрелецот Александер Соболев го соблече дресот и на долната маица покажа испечатена фотографија од мајка му која ненадејно почина на 1 август.

Емоциите го надвладеаја Соболев и тој почна да плаче, а соиграчите го тешеа и му честитаа за голот. Судијата Василиј Казарцев немаше разбирање за тагата на 23-годишниот играч и стриктно ги применуваше правилата, па за соблекувањето на дресот на Соболев му покажа жолт картон.

https://www.youtube.com/watch?v=NwAfkM7C42Y

 

- Оглас -

Најнови вести