Тажно, европската кошарка останува без гигантот за кој играа Илиевски, Бодирога, Раѓа…

Кошаркарскиот клуб Виртус Рома, некогаш познат и како Лотоматика, во 1984 година беше европски првак, а пред 40-тина дена истапи од италијанската лига поради лошата финансиска состојба, додека сега е во ситуација да се стави катанец и клубот да престане да постои.

Римскиот клуб последен пат играше во Евролигата кога дресот на тимот го носеше Дејан Бодирога, а тренер беше Светислав Пешиќ, тандемот кој придонесе за прва европска титула на Барселона. За Лотоматика играше и нашиот Владо Илиевски, како и многу други ѕвезди од типот на Дино Раѓа, Луиџи Датоме, Грегор Фучка…

Но, тоа е веќе далечно минато, не е пронајдено излезно решение за клубот и Виртус Рома е пред згаснување.

- Оглас -

Најнови вести