Телефонски повик го прекина мечот на Ѓоковиќ во Мелбурн (Видео)

Новак Ѓоковиќ одбраната на титулата на Отвореното првенство во Австралија ја започна со дуелот со Хрватот кој успешно ги мина квалификациите, Дино Прижмиќ, и во текот на првиот сет, мечот беше прекинат поради телефонски повик.

Во моментите кога Прижмиќ се подготвуваше да сервира, зазвони телефонот на некој од навивачите на трибините на „Род Лејвер“ арената.

„Дали ќе се јавиш“, го праша Новак навивачот и ги насмеа останатите фанови.
Моментно е 1-1 во сетови, откако Новак го доби првиот, а Прижмиќ вториот сет.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести