Телевизиите се против фајнал-фор во Лигата на шампионите

Официјалните лица на Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, размислуваат да донесат одлука за фајнал-фор завршница во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, но најголема пречка за ова се телевизиите кои ги имаат правата за преноси.

Засега нема утврдено точни датуми и систем за натпреварување кога и како УЕФА планира да ја доврши сезоната во европските купови, а не е отфрлена можноста полуфиналето да се игра само во еден меч на неутрален терен наместо стандардните два, по еден дома и на гости. Истанбул е градот кој со нетрпение ги чека финалистите во ЛШ, а финалето веројатно ќе се игра кон крајот на август.

Август ќе биде месецот во кој се планира да се игра завршницата и бидејќи календарот ќе биде набиен, а и онака ќе се игра без публика, во УЕФА има предлог кој им се допаѓа и на клубовите, а тоа е да има финален турнир со четири тима. Сепак, најголема пречка се телевизиите, тие не сакаат да има помалку мечеви од планираните.

Одлуката кога ќе се играат мечевите од ЛШ и кои ќе бидат градовите домаќини на ЕП 2021 ќе се донесе на 17 јуни.

- Оглас -

Најнови вести