Телохранителот на Кристијано Роналдо е потежок од ракометарот од ДР Конго

Кристијано Роналдо кој според следбениците на социјалните мрежи е најпопуларен спортист на светот, е човек кој каде и да се појави, го препознаваат и потребно му е верно обезбедување, а на чело на обезбедувањето е телохранителот Гонзало Салгадо, некогашен ММА борец.

Салгадо со години се грижи за безбедноста на португалскиот фудбалер, а телохранител е и на вереницата на Кристијано, Георгина.

Меѓу Кристијано и Салгадо е развиено пријателство, тие сега се и пријатели, што не чуди, со оглед на тоа што речиси постојано се заедно. Салгадо е висок 190 сантиметри и има над 140 килограми, но постојано вежба за да биде подготвен за некои непосакувани ситуации, бидејќи фановите кои сакаат да му се приближат на Роналдо се креативни.

- Оглас -

Најнови вести