Темелков ќе ја дели правдата на реваншот Македонија ЃП – Вардар

Зоранчо Темелков од Кавадарци ќе биде главен судија на реванш-дуелот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Вардар, во осминафиналето од Купот. Мечот меѓу скопските ривали ќе биде и најатрактивниот реванш, бидејќи првата средба на која Вардар беше домаќин заврши без победник 1-1.

Вардар е лидер во првенството со шест победи и две нерешени, а Македонија, иако е на осмата позиција во Прва лига, може да се пофали со солидна форма, бидејќи на последните 10 средби има само два порази. Куп-дуелите секогаш биле неизвесни, па така се очекува да биде и на дуелот во среда, кој ќе започне во 15 часот.

Во останатите реванши од осминафналето на Купот главни судии ќе бидат: Академија Пандев – Брегалница (6-2 по првиот меч) судија: Фуркан Идризи од Тетово, Беласица – Пелистер (2-0) судија: Крумислав Ѓорѓиев од Штип, Кит-Го – Шкендија (0-2) судија: Марјан Гоцевски од Струмица, Победа – Гостивар (2-1) судија: Стојанче Трпчевски од Кавадарци, Работнички – Тиквеш (1-0) судија: Кирил Смоковски од Прилеп и Силекс – Скопје (2-0) судија: Ндерим Тефику од Куманово.

- Оглас -

Најнови вести