Тен Хаг го најде начинот како Манчестер јунајтед да победува и да прима малку голови

Манчестер јунајтед во првите две кола од Премиер лигата губеше и прими вкупно 6 гола, а потоа се случи пресврт и сега Црвените ѓаволи имаат три победи по ред и на овие три меча примија вкупно само еден гол, и тоа во дербито против Ливерпул.

Што се случи за тимот да има ваков позитивен пресврт? Само една „ситница“: капитенот Хари Мегваер беше седнат на клупата за резерви.

Мегваер играше во првите две кола, а потоа не играше на наредните три средби. Резултатите говорат сами за себе, ова се тешки времиња за централниот дефанзивец.

- Оглас -

Најнови вести